Lenovo V520s SFF е десктоп компјутер кој обезбедува неверојатна вредност за вашата компанија, притоа овозможувајќи ви да се фокусирате на она што е најважно за вас – лесно и ефикасно да го водите вашиот успешен бизнис.
Со моќен процесор, брза меморија и супер брза технологија за складирање на податоци, овој компјутер ќе ви овозможи брзо и беспрекорно работење. Lenovo V520s SFF доаѓа со Lenovo Companion, апликација која гарантира дека вашиот компјутер редовно се ажурира, воедно обезбедувајќи клучни информации за системот како сериски број, упатство за корисници и детали за гаранцијата на едно место, а исто така нуди и совети од Lenovo експерти преку упатства, статии и најнови вести од областа на технологијата.
Сертифициран од Energy Star 6.1 и GREENGUARD®, V520s е дизајниран за енергетска ефикасност. А со трошење на помалку енергија, дури може да генерира и заштеди на трошоците за вашиот бизнис.
Со Intel® Optane™ можете да инсталирате или отварате апликации без задоцнување, да најдете и отворите фајлови веднаш, или лесно да ги менувате програмите. И сето тоа, заедно со одржување на голем капацитет за складирање на податоци.
Со Smart USB заштита, ќе можете да го спречите излевањето на чувствителни податоци и да бидете сигурни дека ништо штетно не влегува во вашиот систем или мрежа преку USB портите. А со вклучен Trusted Platform Module или TPM хардвер, меѓународниот стандард за заштита на хардвер, можете да бидете сигурни дека сте заштитени доколку вашиот компјутер падне во погрешни раце.
Comments are closed.