Не сакате да ризикувате со вашите енергетски системи? Потребни ви се заштитни уреди кои совршено се вклопуваат во комерцијалното опкружување? Cadu серијата на UPS уреди од nJoy е специјално дизајнирана и конструирана за широк опсег на комерцијални апликации.
Точен излез
Оваа серија нуди солидни технички карактеристики за опрема со мала и средна моќност. Cadu овозможува 230V +/-10% (прифатена е толеранција од 3%), а излезот е 33% поточен од сличните уреди, осигурувајќи дека IT опремата добива сигурна електрична енергија во секое време.
Ултра-брз полнач
Cadu серијата има вграден ултра-брз полнач кој во нормални услови може да ги полни своите батерии за 3 часа, што е 25% побрзо од кој било сличен уред достапен на пазарот во моментов.
HID USB – Пријателско управување со моќноста
HID USB е најновата технологија која овозможува едноставно и ефикасно следење на клучните параметри на UPS-от без дополнителен софтвер. Сега ќе имате избор да ги користите карактеристиките за управување на моќноста на Windows преку Human Interface Device протоколот.
1Gb/s LAN – заштита
1Gb/s LAN заштитната порта ја штити Ethernet мрежата од аномалии на моќноста без да ја намали брзината на конекцијата.
Поголемо back-up време
Благодарение на поголемите батерии кои обезбедуваат до 20% повеќе енергија од просечните батерии, Cadu серијата овозможува поголемо back-up време.
Одлични основи
- Автоматско рестартирање додека AS се опоравува
- Аларм за замена на батериите
- Одличната контрола на микропроцесорот гарантира висока сигурност
- Boost и buck AVR за стабилизација на напонот
- Полнење без режим
- Функција за ладно стартување
Cadu серијата има 3 години гаранција за UPS-от, 2 години за батериите.
За повеќе информации во врска со уредите контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС, јавете се на +389-(0)2-329-8338 или пишете на следната email адреса: sales@aitonix.mk
Comments are closed.