Echo Pro серијата од nJoy е одличен избор за комерцијални поставки, нудејќи ја секоја потребна клучна карактеристика како on-line двојна конверзија, HID-USB, итно исклучување (EPO), дополнителна SNMP картичка и многу повеќе. Оваа серија на UPS уреди има 3 опции за напојување и секоја од нив обезбедува гарантирана заштита за бизнис компјутери, канцелариско осветлување, банкарски апликации и било кои други enterprisе околини. Echo Pro произведува помалку од 40dB бучава додека работи, споредено со околната бучава во урбана средина.
Технологија за on-line двојна конверзија
Оваа технологија на UPS системите и обезбедува на поврзаната опрема највисоко ниво на заштита изолирајќи ја од користење на сирова електрична енергија. Системот работи преку конвертирање на напојувањето од наизменична струја во еднонасочна струја и обратно. Echo Pro обезбедува напојување до батеријата со нула време на пренос, што го прави идеален за чувствителна опрема и критичен хардвер поврзан со лоши услови за напојување.
Излез на чист синусен бран
Echo Pro и овозможува на опремата чиста електрична енергија со висок квалитет.
Стапка на ефикасност до 96%
Echo Pro користи до 96% (во Eco режим) од електричниот влез за напојување на поврзаните оптоварувања, со многу мал процент на потрошено напојување. Поголемата ефикасност се претвора во помали загуби на електрична енергија како топлина, што резултира Echo Pro да има поголем век на траење. Стапката на ефикасност на батериите е 85% и е неопходна за секоја критична опрема, затоа Echo Pro серијата е најдобриот избор за компании кои сакаат да постигнат идеален микс од ефикасност и заштита.
Практичен дизајн и корисен дисплеј
Echo Pro може да се постави во скоро секое опкружување и одговара на голем број на уреди. За било кој електронски уред во канцеларијата кој е поврзан со UPS-от, големиот LCD екран е од витално значење бидејќи нуди пристап и контрола врз процесот на функционирање.
Дополнителна SNMP/WEB картичка
Може да биде инспирирачки додаток затоа што помага да се следат и управуваат поврзаните уреди преку мрежи (LAN или Интернет), овозможувајќи им на техничарите да извршат поправки пред да се појават сериозни дефекти.
Вклучениот специјален софтвер овозможува далечински пристап до Echo Pro. Овој софтвер не само што може да обезбеди известување во реално време за статусот на UPS-от, туку и овозможува да се доделат автоматски дејства што треба да се извршат во случај на ситуација со електричната енергија. Ова е корисно ако системот работи постојано без корисниците да бидат присутни за рачно исклучување на засегнатата опрема. Дополнително Echo Pro има и HID-USB функција која му помага на корисникот да ги следи и менаџира клучните параметри на функционирање во Windows околината, во случај кога електричната мрежа е исклучена и RS232 функција која е тука да го следи и менаџира UPS-от во индустриски средини каде што не е можна USB комуникација.
За повеќе информации во врска со уредите контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС, јавете се на +389-(0)2-329-8338 или пишете на следната email адреса: sales@aitonix.mk
Comments are closed.