Nuance Equitrac® обезбедува разновидност за да ги зголеми заштедите на трошоците и да ја зголеми безбедноста притоа минимизирајќи ги трошоците за инфраструктурата за печатење.
Овој софтвер обезбедува:
Контрола – oсигурува дека печатењето е направено одговорно, безбедно и во рамките на политиката.
Погодност – oбезбедува пристап до корисниците кога и каде што им е потребно.
Избор – распоредување на инфраструктурата која IT ја сака, притоа помагајќи им на корисниците да печатат само она што им е потребно.
Во бизнисот постојано има промени кои креираат предизвици при распоредувањето на печатењето. Кога корисниците сакаат да отпечатат нешто, тиe очекуваат да можат да го направат тоа. Не размислуваат за тоа кои драјвери за печатење ги имаат преземено. Сигурно не размислуваат да проверат дали принтерот е онлајн и подготвен за печатење. Едноставно само сакаат да кликнат “печати” и работата да биде завршена.
Со Equitrac ќе ги намалите сите трошоци за печатење вклучително:
- Трошоците за потрошни материјали како резултат на помали количини на печатење и оптимизирани излезни трошоци.
- Трошоците за хардвер како резултат на отстранување на несуштински хардвер за печатење и корисничка автентикација.
- Трошоците за инфраструктура, како резултат на автоматското распоредување на драјвери за печатење и отстранување на серверите за печатење каде што не се соодветни.
Разликата при менаџирање на печатењето со Equitrac:
- Оптимална хибридна контрола на печатење
Намалете го оптоварувањето на IT, преку поефикасно користење на постојните сервери за печатење, отстранете ги серверите со директно IP печатење или користење на хибриден модел за апсолутна разновидност.
Со Hybrid Print Control™ можете да одберете каде да распоредите сервери за печатење и да одлучите кои локации се најсоодветни за поставување на директно IP печатење, без да се жртвува централизираната котрола.
Equitrac, исто така обезбедува максимална удобност на корисникот со минимизирано оптоварување на IT преку I-Queue, интелигентното печатење. Во комбинација со Equitrac Follow-You Printing™ безбедна технологија за ослободување на документите, I-Queue им дозволува на корисниците “само да кликнат печати” и да ја завршат работата на било кој принтер во мрежата.
Со I-Queue, деновите на бирање принтер, чувањето ажурирани драјвери за печатење на секој десктоп и трчањето до принтерот за да го земете доверливиот документ се минато.
- Широка поддршка на уреди и драјвери за печатење
Елиминирајте ја комплексноста за поддршка со драјверите за печатење и управувањето со повеќе типови и брендови на принтери низ целата организација.
Вградените решенија на Equitrac се софтверски апликации кои работат на оперативниот систем и го интегрираат главниот Equitrac софтвер во функциите на мултифункциските уреди. Вградените решенија нудат поедноставно работење за корисникот бидејќи на интерфејсот се пристапува преку познатиот панел на уредот, со што се елиминира потребата за надворешна тастатура. Ова овозможува максимална удобност при печатењето, едноставно користење и безбедност на излезот, сè од управувачкиот панел на поддржаните мултифункциски уреди.
Equitrac има развиено вградени решенија за поддршка на избрани Lexmark, Canon, Dell, Fuji-Xerox, HP, Konica Minolta, Kyocera, Oce, Ricoh, Samsung, Sharp и Xerox уреди. Со инсталираната вградена функционалност овие уреди ги поттикнуваат корисниците за валидни кориснички и акаунт ID информации за копирање, скенирање и факс. Корисниците исто така може да ги пуштат задачите од безбедните редици директно од предниот панел на мултифункциските уреди.
- Скалабилна архитектура
Equitrac лесно се вклопува во секоја средина, од мали бизниси до големи претпријатија со повеќе канцеларии и илјадници уреди.
- Безбедни опции за снимање документи
Искористете ја автентикацијата и single-sign-on на Equitrac за да обезбедите побрзо и посигурно скенирање и брзо снимање на хартиените документи.
Документите се извор на енергија за организациите. Испорачувањето на тие документи на вистинските луѓе во вистинско време често е разликата помеѓу победа и загуба во продажбата или задоволен клиент и поплака. Документите исто така осигуруваат дека налозите и услугите се испорачани на време. Меѓутоа, печатењето и доставувањето на документи на хартија создава празнини во документациското работење, процеси и соработки кои можат да ги забават процесите или дури и да спречат информациите да бидат достапни кога и каде што е потребно. Сега е времето да почнете да ја претворате хартијата во попродуктивни дигитални документи.
Equitrac поддржува широк спектар на софистицирани, но многу лесни за употреба решенија кои можат да бидат прилагодени на секој вид бизнис потреби и секој процес на снимање документи.
Решенијата за скенирање на Nuance се интегрирани користејќи ја single-sign-on автентикацијата за да обезбедат сигурно, персонализирано искуство за скенирање. Тие обезбедуваат најбрза, најпродуктивна способност за скенирање на повеќе дестинации отколку што можете да замислите, вклучувајќи email адреси, мрежни фолдери, факс броеви, системи за управување со документи, cloud зачувување, апликации за соработка и системи за бизнис интелигенција. Моќното скенирање им овозможува на корисниците да креираат PDF документи кои можат да се пребаруваат или да конвертираат скенирани слики во Microsoft Office формати. Комбинирањето на моќни можности за печатење и скенирање во една апликација ги претвора мултифункциските уреди во основни алатки за елиминирање на сите непотребни хартии во вашата организација.
- Глобална покриеност и сигурност
Бидете сигурни дека со големата глобална база на клиенти и покриеност со поддршка, Equitrac го одржува печатењето безбедно и продуктивно. Equitrac е инсталиран на повеќе од 30.000 кориснички локации ширум светот, со инсталации кои поддржуваат десетици илјади корисници и десетици илјади мултипродажни уреди – сите се применуваат низ различни мрежни топологии.
Comments are closed.