Живееме во време кога дигиталната технологија во голема мера влијае врз нашите животи, почнувајќи од начинот на кој се поврзуваме со другите луѓе, па се до тоа како го толкуваме светот. Дигиталната трансформација овозможува да се собираат и анализираат огромни количини на податоци за да се генерираат подлабоки сознанија и повеќе лични искуства на клиентите. Сето тоа ни помага да постигнеме многу повеќе, но истовремено остава голем број податоци, вклучително и лични информации и сензитивни деловни записи кои мора да бидат заштитени.
GRPR поставува важни принципи на глобално ниво и неговото стапување на сила претставува голем чекор за индивидуалните права на приватност. Во прилог на посветеноста на приватноста и земајќи во предвид дека луѓето нема да користат технологија на која не и веруваат, Microsoft минатата година направи голем број инвестиции за поддршка на GDPR и правата на приватност на поединците. Во продолжение видете кои се можностите и како да ги користите за да и помогнете на вашата организација да се усогласи со GDPR.
Проценка и управување со ризикот за усогласување
Постигнувањето на организациска усогласеност, може да претставува голем предизвик, земајќи го во предвид фактот дека голем број од организациите се соочуваат со недостиг на способности за дефинирање и спроведување на контролата како и неефикасност во активностите за подготовките.
Compliance Manager и Compliance Score од Microsoft помагаат постојано да го следите вашиот статус за усогласеност.
Заштита на личните податоци
GDPR целосно се залага за заштита на личните податоци на поединците – обезбедувајќи сигурност дека постои соодветна заштита и управување со таквите податоци со цел да се спречи тие да бидат злоупотребени или да паднат во погрешни раце. За да бидете сигурни дека вашата организација ефикасно ги штити личните податоци и чувствителните содржини релевантни за потребите за усогласување на организацијата, треба да имплементирате решенија и процеси кои ќе и овозможат на вашата организација да ги открие, класифицира, заштити и следи податоците што се најважни. Способностите за заштита на информациите во рамките на Office 365 (најсовремени безбедносни пракси со 5 нивоа на безбедност, како и проактивен мониторинг за заштите на податоците. Microsoft ги заштитува вашите податоци и вашата приватност) и Azure Information Protection, обезбедуваат интегрирана класификација, етикетирање и заштита, овозможувајќи постојана заштита на вашите податоци.
Одговорете со доверба
Обезбедувањето на процеси за ефикасно управување и исполнување на одредени барања на GDPR, како што се одговарање на DSRs или одговарање на пробивања на податоци, претставува потешкотија за многу организации.
Privacy tab во Service Trust Portal ви ги обезбедува информациите што ви се потребни за да се подготвите за вашите сопствени Data Protection Impact Assessments (DPIAs) на Microsoft Cloud сервисите, упатства за одговор на DSRs и информации за тоа како Microsoft открива и реагира на пробивање на лични податоци и како да добивате известувања директно од Microsoft.
Функции за поддршка на DSRs
Неколку функции помагаат да се поддржат DSRs во Microsoft Cloud сервисите, вклучувајќи Data Privacy tab во Office 365, Azure DSR portal и нови можности за пребарување на DSR во Dynamics 365.
Data Privacy tab, GDPR dashboard, и DSR experience во Office 365 се генерално достапни за сите комерцијални клиенти. Ова искуство е дизајнирано за да обезбеди алатки за ефикасно извршување на DSR за содржината на Office 365, како што се Exchange, SharePoint, OneDrive, Groups и сега Microsoft Teams.
Справување со пробивања на податоци
Office 365 има сет на можности, од Office 365 Advanced Threat Protection (ATP) до Azure ATP, кои можат да помогнат во заштитата и откривањето на пробивања на податоци.
Comments are closed.