Acer Predator Helios 500. Одлично ладење. Неверојатна моќ. Совршена графика.
Обложен со длабока црна боја, IPS екранот со прецизно дефинирани бои е совршен за играње до доцна во ноќта. Прашањето е што да одберете, 4K или Full HD?
Одберете Full HD и придружете им се на обожавателите на неверојатно брзи стапки на освежување за бепрекорна, континуирана и жестока игра. Или пак, одберете го она 4К чувство доколку сакате одличен квалитет на сликата и уживајте во природно остра графика.
Најновите процесори од Intel® и AMD овозможуваат лесно да се справи со секоја задача. А благодарение на решенијата од најновите генерации на NVIDIA® и AMD, овој уред е сѐ што еден гејмер може да посака. Вие треба само да одлучите: NVIDIA® GEFORCE® GTX 1070 или AMD RADEON™ RX VEGA⁵⁶.
Со DDR4 доминација до 64GB, брзи дискови и лесна надградба, Acer Predator Helios 500 има сѐ што ви е потребно.
Високата моќност е придружена од висока топлина, а таа е проследена со неверојатно ладење. Со фреквенција од 144Hz, Predator Helios 500 се лади со AeroBlade™ 3D вентилатори со извонреден дизајн и неверојатна ефикасност.
CoolBoost™ технологија, RGB опсег со четири зони за множество бои (со 16.8 милиони комбинации), 5 наменски копчиња за кратенки кои можете да ги прилагодите на вашите потреби, превенција од потенцијални проблеми на незабележано притискање копчиња, прецизна плочка на допир и многу повеќе.
Притоа, зошто да користите само еден екран кога можете да имате три. Едноставно поврзете ги со помош на HDMI 2.0, DisplayPort™ и/или USB Type C™ конектор и тоа е тоа. Што сѐ можат овие приклучоци? ThunderBolt™. Брзи се (40 Gb/s), корисни (приклучување со еден кабел) и моќни (буквално – секој има до 100 W). А тоа е само почеток.
Kога станува збор за звукот, со Waves MaxxAudio® и TRUEHARMONY™ можете да бидете сигурни дека ќе биде неверојатен. Со тоа што при користење на слушалки со помош на Waves Ny ќе уживате во 360° опкружувачки звук без разлика дали се работи за филм, игра или виртуелна реалност.
Со PredatorSense™ алатката за врвно управување и Killer DoubleShot™ Pro која ви овозможува да преземете контрола на мрежата, бидете сигурни дека ќе имате одлична игра.
А кога станува збор за виртуелната реалност која веќе е насекаде, станува се подобра и претставува вистинско задоволство, овој уред е целосно подготвен за неа, слободно можете да го користите.
За повеќе информации во врска со уредите, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.
Comments are closed.