Новите Acer Swift Go AI компјутери со Intel® Core™ Ultra процесори се тоа што ви треба!
Истакнувајќи го тенкиот и лесен алуминиумски дизајн на Swift линијата, напојувани со новите Intel® Core™ Ultra процесори кои вклучуваат Intel AI Boost и Intel Arc™ GPU, новите Swift Go лаптопи нудат совршен спој на перформанси и целодневно траење на батеријата.
Неверојатни функции со вештачка интелигенција и Wi-Fi 7
Она што ги прави уште поатрактивни е дополнувањето со функции поддржани од вештачка интелигенција кои обезбедуваат подобро корисничко искуство и креативност.
Создадени за следната генерација на компјутерска моќ, овие лаптопи им овозможуваат на корисниците лесен пристап до Copilot во Windows со само еден клик, со цел оптимизирање на времето кога работат, креираат или се забавуваат на уредот. Двата модели можат да се пофалат со 1440p QHD веб-камера со TNR (Temporal Noise Reduction), во комбинација со AI-boosted функциите за видеоконференции на Acer PurifiedView™, вклучувајќи Background Blur (замаглување на позадината), Automatic Framing (автоматско поставување на кадар) и Eye Contact (контакт со очите), што резултира со поквалитетно видео. Веб-камерата е дополнета со Acer PurifiedVoice 2.0 технологијата за намалување на шумот со помош на вештачка интелигенција, која во комбинација со трите микрофони фаќа јасно и чисто аудио и ја намалува позадинската бучава и гласовите на околината, освен оние на говорникот.
Дополнителната поддршка за Intel Wi-Fi 7 обезбедува до 2.4 пати побрзи интернет-врски од Wi-Fi 6E и ги држи лаптопите поврзани кога е најпотребно.
Swift Go 14 има опција за мулти-контролен осветлен тачпад на допир на одредени модели, што овозможува директни медија команди, како и OceanGlass тачпад кој дополнително обезбедува беспрекорно и продуктивно скролање. Двата тачпади се со 44% поголема површина поддржувајќи го динамичниот стил на живот и скролањето без глувче. Плус, моделите Swift Go сега ја вклучуваат најновата Intel Unison 2.0 технологија, која овозможува брза и лесна конекција помеѓу лаптопот и Android или iOS уредите на корисникот.
Најнова технологија со OLED дисплеи и напредно поврзување
Како и нивните претходници, новите Swift Go лаптопи имаат живописни OLED дисплеи, богати со бои, со 500 нити врвна осветленост, 100% DCI-P3 палета на бои и DisplayHDR™ True Black 500 сертификација. Сликите се живописни и детални на 16-инчниот 3.2K OLED дисплеј со 3200 x 2000 резолуција и стапка на освежување од 120 Hz на Swift Go 16, додека Swift Go 14 има 14-инчен 2.8K OLED дисплеј со резолуција од 2880 x 1800 и стапка на освежување од 90 Hz. Двата модели вклучуваат TÜV Rheinland Eyesafe® сертификација за дисплејот, која помага во намалувањето на ефектите од напрегнатост на очите. Дополнително, имаат опција за WUXGA дисплеи со екрани на допир за овозможување на најава со допир и пенкало, што е особено корисно за пишување белешки и цртање.
Покрај тоа, Swift Go лаптопите сега поддржуваат до 32GB LPDDR5X меморија и до 2TB PCIe Gen 4 SSD со двојни слотови за надградба.
На крајот, овие лаптопи ја носат најновата селекција на порти за поврзување со периферни уреди и дисплеи, вклучувајќи двојни USB Type-C порти со Thunderbolt™ 4 – двете овозможуваат брзо полнење, USB Type-A порта за офлајн полнење, HDMI 2.1 и microSD читач на картички. А исто така вклучуваат и Bluetooth LE Audio за подобрено безжично аудио.
Носете ја вештачката интелигенција секогаш со себе. Одберете моќни перформанси и визуелна брилијантност во привлечен, тенок и лесен дизајн одличен за користење во движење – одберете Acer Swift Go AI лаптоп!
AITONIX е официјален дистрибутер на Acer во Македонија и нуди широко портфолио на производи од компанијата. Acer е бренд посветен на дизајнирање IT производи кои ја подобруваат употребливоста и додаваат вредност на потребите на корисниците, независно од тоа дали станува збор за работа или за забава.
За повеќе информации во врска со Acer уредите, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.