Lenovo ThinkSystem SR250 V3 ги има перформансите и флексибилноста да расте заедно со вашиот бизнис.
Оптимизиран за далечински инсталации, напојуван со Intel® Xeon® E-2400 процесори од следната генерација, Lenovo ThinkSystem SR250 V3 е сервер кој обезбедува високи перформанси за големи оптоварувања по почетна цена.
Со најновата DDR5 меморија, PCIe 5.0 и GPU поддршка за модерни оптоварувања, како што е проширување на инференцијата за вештачка интелигенција до далечински инсталации, виртуелизација и деловни апликации, SR250 V3 е дизајниран по истите стандарди како и сите други ThinkSystem сервери, обезбедувајќи висока доверливост и заштита за секоја ИТ инфраструктура.
Агилен и лесен за управување
ThinkSystem SR250 V3 обезбедува флексибилни опции за складирање на податоци со повеќе различни типови од средна големина до голем капацитет. Исто така има опција за hot swap и simple swap во зависност од вашите потреби, и до 2x PCIe слотови за да ви помогне да ги приспособите конфигурациите согласно вашите потреби.
SR250 V3 го вклучува Lenovo XClarity Controller, кој ги стандардизира и автоматизира задачите за управување со серверот. Дели заеднички опции со ThinkSystem портфолиото што овозможува полесно управување со целата ИТ инфраструктура. XClarity, исто така, помага во брзото распоредување.
Висока вредност по перформанси
SR250 V3 има идеална цена по перформанси за сите растечки бизниси. Со Intel® Xeon® E-2400 и поддршка за најновата технологија како DDR5 меморија и PCIe Gen5, која обезбедува брзина и перформанси неопходни за поддршка на виртуелизација и бизнис апликации, овој сервер обезбедува висока вредност на вашата ИТ инфраструктура.
Дополнително, SR250 V3 поддржува до 8-јадрени перформанси со не повеќе од 95W процесори, што го прави моќен, но сепак енергетски ефикасен. Ова е многу важно за клиентите кои работат на edge апликации во нетрадиционални поставки на центарот за податоци.
АИТОНИКС АД е официјален дистрибутер на Lenovo во Македонија за лаптопи, таблети, смартфони, десктоп компјутери и сервери. Вршиме големопродажба и нудиме широко портфолио од Lenovo производи кои одговараат и на највисоките барања. Lenovo е глобален лидер во создавањето на иновативни технологии за сите сектори – крајни корисници, мали, средни и големи компании.
За повеќе информации во врска со Lenovo уредите, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.
Comments are closed.