Од 6ти до 9ти февруари во Монако се спроведе реномираниот годишен DISTREE EMEA настан, каде учество земаа технолошки компании од целиот свет – производители и дистрибутери на ИТ опрема.
Дел од овој елитен настан беше и TDK Computers. Разменивме многу искуства, стекнавме нови знаења за актуелните трендови и започнавме нови успешни партнерства.
Горди сме на нашите партнери од Silicon Power кои на DISTREE EMEA настанот во Монако добија Distree diamond award за дизајн! Честитки!
Comments are closed.