На настанот беа претставени стотици брендови од областа на технологијата и беа одржани претходно закажани еден-на-еден состаноци помеѓу извршни директори и купувачи од водечките дистрибутери во регионот, трговци на мало и партнери.
DISTREE EMEA конференциската програма вклучуваше клучни изјави од CONTEXT, Futuresource и GfK, плус 60 Seconds to Convince Awards програмата. Целосна програма за работилница плус ВИП сесии од CONTEXT и GfK, кои им овозможија на учесниците да се запознаат со најновите channel трендови и анализи на пазарот.
“Разменивме многу искуства, стекнавме нови знаења за актуелните трендови и започнавме нови успешни партнерства” – изјави Јордан Димитровски, директор на TDK Computers.
Оваа година на 60 Seconds to Convince Awards земаа учество повеќе од 30 брендови. Наградата за најдобар дизајн на производ ја освои TGI Technology за нивниот UB+EUPHO E3 Speaker. Во категоријата за најдобар иновативен производ, победата ја освои Roader за својата камера – временска машина, додека MyScreenProtector победи во категоријата за најдобра презентација.
Беа доделени “EMEA Channel Academy: 2018 Awards”, наградите за технолошки дистрибутери за потрошувачи. Меѓу добитниците на овие награди беа ABC Data, ALSO, CMS Distribution, Exertis, Ingram Micro, Merlion и Tech Data.
DISTREE Diamond Awards исто така беа дел од настанот. Учесниците дистрибутери ги оценуваа изложувачите според неколку фактори вклучувајќи продукт портфолио, план на движење на производите, channel програма, бизнис потенцијал, пазарна стратегија како и квалитетот на состаноците и интеракцијата за време на настанот. Оваа година меѓу победниците во овој дел беше и нашиот партнер Silicon Power, а покрај нив награди добија и Assmann, Dicota, GZ Electronics, Inno3D, IRIS, Just5, MyScreenProtector, MysteryVibe, Promate, Sandberg, Smanos, Tuncmatik и Yi.
“DISTREE EMEA работи за сите брендови во секоја фаза од нивниот channel развој. Претставува моќна евент платформа за менаџирање, градење или отварање на нови пазарни правци. Влегуваме во нова channel ера каде стратешката соработка помеѓу вендорите, дистрибутерите, трговците и е-трговците се поважни од кога било. DISTREE се наоѓа во срцето на овој нов channel екосистем и ќе продолжиме да го усовршуваме и подобруваме моделот за бенефит на сите учесници.”- изјави Liam McSherry, маркетинг директор на DISTREE Events.
Comments are closed.