Како и секоја година претходно, така и овој септември Берлин беше центарот на иновациите. ИТ компании од различни страни ширум светот се собраа во огромниот изложбен центар Месе во Берлин за да ги покажат своите најнови производи. Најголемиот европски саем за потрошувачка технологија оваа година беше во фокусот на вештачката интелигенција. Од паметни домови до лаптопи, од телефони на преклопување до мали апарати, каде и да се свртите, имаше производи со вештачка интелигенција. На листата најдобри производи годинава се најдоа и новитетите од нашите долгогодишни партнери Lenovo, Dell и Acer.
Lenovo, како докажан глобален лидер во технолошките иновации, и оваа година не ги остави посетителите рамнодушни.
На Lenovo Innovation World 2024, можевме да видиме цела серија нови револуционерни производи од кои секој дизајниран да ја редефинира иднината на професионалните компјутери и вештачката интелигенција. Новите компјутерски уреди со вештачка интелигенција вклучувајќи ги лаптопите ThinkPad™, ThinkBook™, Yoga™ и IdeaPad™, нудат перформанси кои ги трансформираат корисничките искуства и на бизнисите и на корисниците.
Лаптоп кој те следи… Дали е можно?
И повеќе од тоа. На овогодинешниот саем Lenovo го претстави најфасцинантниот лаптоп до сега Lenovo Auto Twist AI PC Proof of Concept – кој се отвара и затвора со гласовна команда, притоа има и ротирачки дисплеј кој ги следи вашите движења со помош на видео камерата. Неверојатно кул лаптоп со исклучителни перформанси и карактеристики насочени кон корисникот, кој поставува нов стандард за интелигентни уреди.
Кога станува збор за интелигентни лаптопи и вештачка интелигенција, Dell Technologies секогаш се меѓу првите. Најновиот модел на добро познатиот лаптоп Dell XPS 13, покрај неверојатно модерниот дизајн, сега опремен и со Lunar Lake процесорите од Intel е подобар од кога било. Со новите надградби, вклучува до три пати побрзи перформанси на графичкиот процесор и, се разбира, поддршка за Copilot+, со што продолжува да биде на листата најдобри лаптопи.
Acer исто така го привлече вниманието и ги помести границите на она што е можно со вештачка интелигенција. Претставувајќи серија иновативни уреди на својата годишна глобална прес-конференција насловена како „human.intelligence“ и давајќи нова дефиниција на интелигенцијата.
AI компјутери кои ја зголемуваат човечката интелигенција, долгоочекуваната рачна гејминг конзола – Nitro Blaze 7 и првиот во индустријата Predator Project DualPlay.
Започувајќи како Интернационална Радио изложба, низ текот на годините IFA прерасна во масовна глобална изложба на технолошки иновации. Собирајќи ги на едно место најзвучните имиња во светот на технологијата, оваа година IFA одбележа 100 години постоење, со фокус на вештачката интелигенција која несомнено е она што ја движи технологијата напред во иднината.
Повеќе за тоа што се случуваше од 6-ти до 10-ти септември во Берлин, видете на https://www.ifa-berlin.com.