Живееме во дигитална ера во која технологиите се повеќе се развиваат, а вештачката интелигенција ја презема главната улога. Со можноста за создавање на слики и видеа, deepfake содржини кои го преплавуваат интернетот и циркулираат низ социјалните мрежи, никој повеќе не е сигурен дали може да верува на она што го гледа и слуша. Овие софистицирани видео и аудио манипулации, стануваат се поголема загриженост бидејќи вештачката интелигенција ги прави пореални и потешки за откривање. И, иако не сите содржини со вештачка интелигенција се создаваат со зла намера, способноста да се знае дали видеото е вистинско или лажно им помага на корисниците да донесат паметни и добро информирани одлуки.
Токму затоа, McAfee и Lenovo, се здружија во заедничка соработка и го создадоа првиот во светот автоматски Deepfake детектор напојуван со вештачка интелигенција, ексклузивно достапен на избрани нови Lenovo компјутери со вештачка интелигенција.
Што претставува McAfee® Deepfake Detector?
- McAfee® Deepfake Detector ги предупредува луѓето за неколку секунди ако детектира аудио генерирано со вештачка интелигенција во видео, помагајќи им на корисниците да го разликуваат вистинското од лажното.
- Моќната технологија за вештачка интелигенција на McAfee, изградена имајќи ја предвид приватноста, ги опремува корисниците со напредно откривање на вештачка интелигенција, со стапка на точност од 96%, за да се бори против порастот на измамите, фалсификатите и дезинформациите генерирани од вештачка интелигенција.
- Достапен сега, исклучиво на одбрани Lenovo AI компјутери, McAfee Deepfake Detector користи Neural Processing Unit (NPU) за да постигне зголемување на перформансите додека ја штити приватноста со обработка на видео податоци на самиот уред.
„Знаењето е моќ, и ова никогаш не било повистинито отколку во светот управуван од вештачка интелигенција во кој живееме денес“, изјави Roma Majumder, виш потпретседател за производи во McAfee. „Повеќе нема да се чудите, дали оваа инвестициска шема на Warren Buffet е легитимна, дали Taylor Swift навистина сака да им подари садови за готвење на обожавателите или некој политичар всушност ги кажал овие зборови? Со McAfee Deepfake Detector одговорите ви се обезбедуваат автоматски и во рок од неколку секунди.”
„Соработката помеѓу Lenovo и McAfee ја комбинира уникатната експертиза на двајца глобални лидери за да испорача иновативни решенија кои им нудат на корисниците поголема доверба во содржината што ја гледаат на интернет“, изјави Igor Bergman, потпретседател на Lenovo Cloud and Software, Intelligent Devices Group. „Податоците покажуваат дека скоро две третини од луѓето (64%) се позагрижени за deepfake содржини сега отколку пред една година. Експертизата на Lenovo како лидер во end-to-end технолошки решенија и совршеното искуство на McAfee во онлајн заштитата со вештачка интелигенција се надополнуваат едно со друго, оптимизирајќи ги хардверските и софтверските способности во корист на корисникот.”
“Вештачката интелигенција и сите можности кои произлегуваат со нејзината употреба се уште не се доволно познати за корисниците. Иако во најголем број случаи се користи за добро, често може да доведе до заблуди и ширење на лажни информации. Важноста на препознавањето лажни содржини е клучно денес, и оваа иновација е чекор напред за корисниците да бидат сигурни што е реално а што не. Ние во АИТОНИКС, секогаш целиме кон тоа да ги направиме достапни на македонскиот пазар најновите технологии и иновации. Така што, очекуваме новите компјутери со вештачка интелигенција од Lenovo да бидат достапни и кај нас во блиска иднина.” изјави Кирил Смилевски, комерцијален директор на AITONIX.
McAfee® Deepfake Detector во моментов е достапен за откривање на англиски јазик на одбрани нови Lenovo компјутери со вештачка интелигенција. Во нашиот регион се уште не е достапен, но се очекува наскоро.
АИТОНИКС АД е официјален дистрибутер на Lenovo во Македонија за лаптопи, таблети, смартфони, десктоп компјутери и сервери. Вршиме големопродажба и нудиме широко портфолио од Lenovo производи кои одговараат и на највисоките барања. Lenovo е глобален лидер во создавањето на иновативни технологии за сите сектори – крајни корисници, мали, средни и големи компании.
За повеќе информации во врска со Lenovo уредите, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.