Lenovo D27-40 е впечатлив монитор, идеален за домашна канцеларија и совршен за игри и забава. Работните документи, омилените серии и игри, изгледаат многу подобро на големиот 27-инчен VA панел со 3-страничен NearEdgeless дизајн.
Поголем екран, подобри детали, поживописни бои
Со 27-инчен 3-страничен NearEdgeless VA панел, Lenovo D27-40 го пополнува вашето периферно видно поле, без да треба често да го вртите погледот. Благодарение на широкиот агол на гледање од 178°/178°, сликите се конзистентни без избледени бои – од каде и да гледате. FHD (1920×1080) резолуцијата ги прикажува деталите со поголема прецизност, така што нема да пропуштите ниту еден важен момент, без разлика дали работите или играте. Видете ги боите во нивната најчиста форма со 72% NTSC палета на бои, која ги прикажува природните нијанси точно и прецизно.
Комфор кој гарантира удобност
Lenovo D27-40 ви овозможува часови удобно гледање без напрегнување на очите. Со 75Hz стапка на освежување и време на одговор од 5ms, се елиминира ефектот на „ghosting“. Технологијата AMD FreeSync гарантира глатко гледање, прикажувајќи брзо движење без прекини или застој на сликата. Дополнително, Natural Low Blue Light технологијата ги штити вашите очи, намалувајќи го штетното сино светло без да ги наруши боите, за природно и пријатно искуство.
Широк спектар на опции за поврзување
Lenovo D27-40 лесно се поврзува со вашиот лаптоп или PC преку HDMI и VGA портови, додека аудио-излезниот порт ви овозможува поврзување на слушалки или звучници. Опцијата за наклон на мониторот ви овозможува да ја прилагодите неговата позиција, за удобно користење. Додека, паметниот систем за управување со каблите помага да го одржите просторот уреден и ефикасен.
Со совршена комбинација на удобност, перформанси и стил, Lenovo D27-40 е дизајниран да ги задоволи сите ваши потреби за работа и забава, обезбедувајќи извонредна продуктивност и комфор.
АИТОНИКС АД е официјален дистрибутер на Lenovo во Македонија за лаптопи, таблети, смартфони, десктоп компјутери и сервери. Вршиме големопродажба и нудиме широко портфолио од Lenovo производи кои одговараат и на највисоките барања. Lenovo е глобален лидер во создавањето на иновативни технологии за сите сектори – крајни корисници, мали, средни и големи компании.
За повеќе информации во врска со Lenovo уредите, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.
Comments are closed.