Горди сме да објавиме дека нашата соработка со брендот Philips ќе опфати и нова категорија на производи, што ќе ни овозможи да го прошириме нашето портфолио и да им понудиме на нашите партнери уште поширок спектар на иновации и решенија кои го олеснуваат секојдневието во денешното модерно живеење.
Philips e компанија водена од богатата историја на иновации и е докажан светски бренд, кој обезбедува супериорни технологии на пазарот со фокус на одржливост. Комбинирајќи го дизајнот и иновациите со оперативната совршеност и флексибилност, Philips нуди висококвалитетни, паметни уреди за домот кои се лесни за употреба со софистициран стил. Покрај досегашната понуда на телевизори и монитори, токму оваа нова категорија на производи која вклучува паметни домашни апарати ќе биде дел од портфолиото на АИТОНИКС.
“Со Philips соработуваме долги години и проширувањето на нашето партнерство е следниот логичен чекор во нашата стратегија за иновации и раст. Воведувањето на нови категории на производи ќе ни овозможи да ја унапредиме понудата на пазарот, создавајќи можности за успех и за двете страни.” – изјави Робертино Христов, Product Manager за Philips во АИТОНИКС.
Кои нови производи од Philips ќе бидат достапни во АИТОНИКС?
Правосмукалки – дизајнирани за одлични резултати со минимален труд
Создадени за ефикасно и хигиенско чистење на подот, а не само на прашината. Со Philips правосмукалките нечистотијата е минато, а подот блеска, подготвен за новите секојдневни предизвици. Ви треба правосмукалка која има висока моќ на всмукување и е неверојатно лесна за користење? Одберете го моделот кој е идеален за вашиот дом тука!
AirFryer уреди – за уживање во свежа и здрава храна секој ден
AirFryer уредите од Philips го овозможуваат најздравиот начин на готвење. Зошто? Користат 90% помалку масло за готвење, зготвената храна е здрава и вкусна, лесно се користат и чистат и имаат опција за автоматско готвење. Со минимален напор добијте резултати на врвен готвач и секогаш имајте вкусна храна на вашата трпеза. Одберете го совршениот AirFryer за вас, тука!
Еспресо машини – лесно и вкусно кафе со само еден клик
Автоматските машини за еспресо од Philips нудат вистинско уживање и беспрекорно искуство при правењето на кафе. Со притискање на само едно копче може да уживате во различни пијалоци направени од свежо мелени зрна кафе. Во комбинација со млечна пена или без неа. Кој и да е вашиот избор. Со само два дела, системот за пенење млеко LatteGo се чисти неверојатно брзо и лесно. Изборот на еспресо машини може да го видите тука!
Пегли и генератори на пареа – за полесно пеглање од кога било
Philips нуди пегли и генератори на пареа кои се ултра лесни, ги отстрануваат наборите со само едно движење и гарантираат лесно пеглање, без изгореници без разлика за каков вид на ткаенина станува збор. Уверете се лично во моќта и брзината на овие уреди, одберете ја најсоодветната Philips пегла за вас тука.
Серија за домашни миленици – најдоброто за вашите крзнени пријатели
Кога станува збор за домашни миленици, Philips обезбедува апарати кои обезбедуваат деноноќна грижа при рака насекаде, во секое време. Без разлика, дали сте дома или не, со овие апарати ќе бидете сигурни дека вашето милениче нема да пропушти ниеден оброк и секогаш ќе има свежа вода за пиење. Достапните апарати од оваа серија може да ги видите тука!
Наскоро во понудата на АИТОНИКС ќе бидат достапни и многу други производи кои ќе го направат вашиот дом поудобен и попрактичен.
Производите од Philips се иновативни решенија кои се истовремено модерни, функционални и со врвна технологија. Компанијата работи според принципите на циркуларната економија, рециклирајќи повеќе и користејќи помалку нови ресурси. Сето ова го постигнува преку продолжување на животниот век на производите, користење рециклирани и биоразградливи материјали и олеснување на рециклирањето. Со што, активно го намалува негативното влијание врз планетата и работи за подобра иднина.
За повеќе информации во врска со уредите од Philips, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.
Comments are closed.