Кога стилот се спојува со интелигенцијата
Motorola Edge 50 Ultra е пример за фокусот на Motorola кога е важен дизајнот, и создаден е да ги импресионира и најпребирливите корисници на смартфони. Со својата елеганција и премиум материјали од вистинско дрво и веганска кожа, заедно со Pantone бојата на годината Peach Fuzz, овој уред не е само смартфон – тој е уметничко дело!
Ултимативна камера: лесно снимете ги сите важни моменти
Со Motorola Edge 50 Ultra, доживејте ја најимпресивната камера на Motorola до сега. Неверојатниот опсег на камери со висока резолуција овозможува флексибилност да фотографирате на секое осветлување. Има 50MP главна камера, 64MP телеобјектив со 3x оптички зум и 100x Super Zoom за уште поблиско приближување, 50MP ултраширока леќа со макро визија и 50MP селфи камера со автофокус, така што повеќе немате потреба од професионални фотографи. Главната леќа комбинира пиксели во големина од 2.4µm ултра пиксел, апсорбирајќи 20% повеќе светлина за неверојатни фотографии во ноќни услови.
Moto AI за неверојатни слики и видеа
Напредниот систем на камера на Edge 50 Ultra ја користи моќта на Moto AI за да испорача неверојатни подобрувања на фотографијата и видеото, a Photo Enhancement Engine го прави фотографирањето неверојатно лесно. Немате потреба од професионално знаење – AI истовремено ги применува поставките од повеќе режими во еден за да обезбеди врвен квалитет за оптимална деталност и јасност.
Ваш стил, ваши позадини
Со Motorola Edge 50 Ultra, имате дополнителни опции за создавање на персонализирани слики за вашата позадина. Style Sync ви овозможува да ја реализирате својата имагинација, опишувајќи ја посакуваната слика преку текст за создавање на импресивни визуели.
Живописен дисплеј и импресивен звук
Овој нов премиум уред располага со живописен 6.67” Super HD (1220p) pOLED дисплеј, со 144Hz освежување кој обезбедува 13% повеќе резолуција од претходната генерација, што значи дека ќе уживате во поостра слика со помалку пикселизација, а со Dolby Atmos, ќе доживеете поголема длабочина, јасност и детали низ своите омилени содржини, без разлика дали слушате преку големите стерео звучници на уредот или преку слушалки.
Технологија на иднината: Подобрени поврзувања со UWB
Искусете ja брзината и премиум перформансите на Snapdragon® 8s Gen 3 Mobile Platform, од обработка на слики, игри, веб пребарување, аудио и многу повеќе. Со до 16GB RAM и RAM Boost до 1TB простор за складирање, сега имате доволно простор за сите фотографии, филмови, апликации и игри.
Новиот Motorola Edge 50 Ultra користи Ultra Wideband (UWB) технологија, која го менува начинот на кој се поврзувате со уредите околу вас. UWB е брз, ниско-моќен радио протокол со подобрена безбедност, кој се користи за точно определување на локацијата со прецизност до 10-30 см. На пример, можете да влегувате во различни простории во домот без потреба повторно да се поврзете со своите уреди или персонализирани поставки. Со UWB, можете да ги пронајдете своите пријатели и семејства кога сте во метеж со сантиметарска прецизност или дури и да пристигнете до своето возило и да го отклучите автоматски.
Енергија за цел ден за само неколку минути
Edge 50 Ultra има моќна батерија од 4500mAh и 125W TurboPower™ полнење – за да се обезбеди енергија за целиот ден со само 4 минути полнење. Опционално, достапен е адаптер за 50W безжично полнење, така што можете брзо да ја наполните својата батерија.
Придружете се на новата ера на смартфони со Motorola Edge 50 Ultra и откријте ги бесконечните можности што ви ги нуди!
AITONIX е официјален дистрибутер на Motorola и нуди на пазарот голем избор на смартфони од познатиот амерички бренд. Motorola е компанијата која ја создаде индустријата за мобилни комуникации и ги има измислено повеќето протоколи и технологии кои овозможуваат мобилни комуникации, вклучувајќи го и првиот мобилен телефон, првата базна станица и прилично сè друго помеѓу нив. Денес Motorola го комбинира тој пионерски дух со посветеност кон потрошувачите.
За повеќе информации во врска со Motorola смартфоните, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.
Comments are closed.