Сајбер безбедноста не е важна само за ИТ одделот, начинот на кој управувате со ИТ инфраструктурата и изложеноста на ризик на Вашата компанија директно влијаат врз успехот на Вашиот бизнис.
Заразувањето со малициозен софтвер кој напаѓа компјутери, телефони, сервери и веб-сајтови, може да доведе до сериозни штети за Вашата компанија. Опасностите вклучуваат губење на податоци на клиенти, информации за кредитни картички, кражба на идентитет, измама и прекин на работата, а трошоците за отстранување на штетата се огромни. Корпоративните мрежи се примарна цел бидејќи хакерите можат да ги искористат вообичаените слабости како што се неправилно конфигурирани firewalls и слаби лозинки.
Но, покрај пробивот на податоци, постојат и други начини кои можат да доведат до губење на значајни информации. Еден од нив е излевањето на податоци кој претставува неовластен проток на информации од Вашиот бизнис на надворешниот свет и тоа се случува почесто отколку што мислите. Кај повеќе од 50% од случаите одговорни се вработените. Луѓето прават едноставни грешки, забораваат документи во авион, го губат USB уредот, споделуваат деловни информации, пристапуваат до податоците без соодветна дозвола и користат неовластени апликации.
Затоа е многу важно да ги обучите Вашите вработени (и било кое друго лице кое ја користи мрежата на Вашата компанија или ИТ инфраструктура) за правилна заштита на податоците и правилна употреба на компјутери.
Освен подигнување на свеста за заштита на податоците, препорачливо е и:
- шифрирање на податоците во мирување користејќи системи како BitLocker;
- користење на управување со правата за пристап, контрола на начинот на кој луѓето споделуваат информации;
- обезбедување јасни насоки за складирање на информации, така што вработените да знаат кога можат да користат простор за складирање на cloud;
- следење на заканите и реагирање на нив преку систем како што е Azure центарот за заштита, така што ќе може да ги идентификувате потенцијалните ризици пред да се претворат во скапи проблеми.
Податоците се највредните ресурси на Вашиот бизнис и секое лице е одговорно за заштита на податоците, не само ИТ одделот. Информирајте ги Вашите вработени за тоа како и зошто податоците протекуваат, научете ги на најдобрите практики во областа на заштита на податоците и користете ги правилните алатки за контрола на идентитет и контрола на пристап. Вашите корисници, клиенти и заинтересирани страни ќе Ви бидат благодарни.
Comments are closed.