Во взаемна соработка, Dell Technologies и NVIDIA го создадоа Dell AI Factory – прво во индустријата, end-to-end решение за вештачка интелигенција дизајнирано да одговори на сложените потреби на претпријатијата кои сакаат да ги користат технологиите со вештачка интелигенција.
Од подобрување на оперативната ефикасност до поттикнување иновации, вештачката интелигенција има моќ да ги трансформира деловните операции и резултати. Сепак, имплементацијата на вештачката интелигенција е предизвикувачка задачa, затоа, многу претпријатија се во потрага по сеопфатни решенија кои можат да го поедностават процесот.
Dell AI Factory со NVIDIA е пионерско решение кое ги интегрира водечките компјутери, сториџи, уреди за вмрежување, работни станици и Dell лаптопи со напредната инфраструктура за вештачка интелигенција на NVIDIA и NVIDIA Enterprise AI софтверот (кој ја вклучува новата NIM микро услуга за оптимизирано заклучување), сето тоа поткрепено со NVIDIA Tensor Core GPUs, NVIDIA Spectrum-X Ethernet и NVIDIA Bluefield DPUs. Испорачано како целосно интегрирано решение, ја користи предноста на rack-level дизајнот, со ригорозни тестирања и валидација за да испорача беспрекорно решение за трансформирање на податоците во врвни увиди и резултати, специјално дизајнирани за стандардите за безбедност и управување со податоците на претпријатието.
Dell AI Factory со NVIDIA им овозможува на организациите:
Користење напредна компјутерска моќ за лесно справување со големи работни оптоварувања со вештачка интелигенција
Новиот Dell PowerEdge XE9680L обезбедува високи перформанси со поддршка за осум NVIDIA Blackwell графички процесори во помал 4U формат. Серверот обезбедува највисока можна густина за NVIDIA графички процесори во индустриски стандард x86 rack, нудејќи 33% поголема густина на графичкиот процесор по јазол. Платформата нуди 20% повеќе PCIe Gen. 5 слотови и двојно поголем капацитет за проширување на мрежата. Директното течно ладење (DLC) ја подобрува севкупната ефикасност со поголем капацитет за ладење на процесорите и графичките процесори. PowerEdge XE9680L е дизајниран за лесно користење и ќе биде достапен целосно конфигуриран со напредна фабричка интеграција за rack-scale распоредување и инсталација на лице место.
Забрзано распоредување на edge AI апликацијата со Dell NativeEdge и NVIDIA
Dell NativeEdge е првата edge orchestration платформа која ја автоматизира испораката на NVIDIA AI Enterprise софтверот, помагајќи им на програмерите и IT операторите лесно да распоредат апликации и решенија за вештачка интелигенција на edge. Бизнисите, од производители до трговци на мало можат брзо и прецизно да ги анализираат нивните edge податоци со новите Dell NativeEdge планови за распоредување кои вклучуваат NVIDIA Metropolis видео аналитика, NVIDIA Riva способности за говор и превод и NVIDIA NIM микроуслуги за заклучување.
Поедноставен развој и распоредување на апликациите со вештачка интелигенција за побрзо време на вреднување
- Dell Generative AI Solution for Digital Assistants помага да се забрза распоредувањето на дигиталните асистенти кои обезбедуваат персонализирано искуство за самопослужување на крајните корисници на целосно Dell И NVIDIA решение. Implementation Services for Digital Assistants им помагаат на организациите да го дизајнираат, планираат, имплементираат, тестираат и скалираат решението.
- Решенијата на Dell AI Factory со NVIDIA им помагаат на организациите брзо да подигнат AI средини за голем број на случаи со целосна автоматизација на распоредувањето дизајнирана во соработка со NVIDIA. Целосната автоматизација го намалува времето на вреднување до 86%. Кога се комбинира со NVIDIA NIM микроуслугите за заклучување, целокупното време од испорака со извршување на задачите за заклучување уште повеќе се намалува.
- Новите Dell Accelerator Services for RAG на Precision AI работните станици помага да се скрати циклусот за развој на вештачка интелигенција и брзо да се добијат апликации со вештачка интелигенција со подобри перформанси преку приспособен голем јазичен модел кој користи RAG на Dell Precision работна станица со NVIDIA AI Workbench, развојна платформа за експериментирање, тестирање и прототип на AI и ML проекти во побезбедна средина.
Dell Technologies и NVIDIA се посветени на унапредување на технологијата за вештачка интелигенција и нејзина поголема пристапност до широк опсег случаи на употреба во претпријатијата. Преку оваа соработка, бизнисите можат да се радуваат на отклучување на нови случаи на потенцијална употреба и придвижување на бизнисот напред, а со тоа да останат конкурентни во дигиталната средина која брзо се развива.
AITONIX АД е официјален дистрибутер на Dell Technologies во Македонија за сториџи, сервери, back up решенијиа како и commercial сегментот, бизнис производи лаптопи, десктопи, монитори итн. Dell Technologies им помага на организациите и поединците да ја градат својата дигитална иднина и да го трансформираат начинот на кој работат, живеат и играат. Компанијата им нуди на клиентите најшироко и најиновативно портфолио на технологија и услуги во индустријата за ерата на податоци.
За повеќе информации во врска со уредите од Dell Technologies, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.
Comments are closed.