Во светот полн со технологии, различноста е клучна. Потребен ни е уред, кој може да го следи брзиот животен стил, без разлика дали е за работа или за забава. Затоа тука е Lenovo Tab P11 – првокласен таблет за целото семејство!
Што е она што го издвојува овој таблет од другите?
Погоден е за целото семејство
Идеален за работа, забава и учење. Интегрира сосема свеж пристап за учење и работа од дома, кориснички интерфејс со приспособена продуктивност со дополнителната тастатура и пенкало. Исто така, доаѓа со најновиот режим за деца со Google Kids Space, со содржини што им помагаат на децата да откриваат, создаваат и растат.
Импресивен дисплеј за поимпресивно искуство
Tab P11 доаѓа со 11.0-inch IPS LCD дисплеј со 1200х2000px резолуција. Но она што навистина го прави овој дисплеј специјален е неговата 400 nits осветленост, која го олеснува користењето и во услови на голема осветленост.
Повеќе од доволна меморија и опции за складирање
Една од најголемите грижи кога станува збор за таблети е неговиот капацитет на меморија. Со Lenovo Tab P11, не треба да се грижите дали ќе останете без доволно простор за вашите апликации, слики или видеа. Доаѓа со microSDXC card slot, дозволувајќи да ја проширите меморијата до импресивни 1TB. Дополнително, Tab P11 нуди 3 опции за складирање: 64GB 4GB RAM, 128GB 4GB RAM или 128GB 6GB RAM. Ова значи дека можете да го одберете она што најмногу одговара на вашите потреби и буџет.
Стилски и лесен дизјан
Lenovo Tab P11 не е само моќен, туку е и модерен и лесен. Само 7.5 мм тенок и со тежина од само 490 грама, овој таблет е неверојатно лесен за секојдневно да го носите со вас.
Импресивна камера за да ги зачувате моментите
Tab P11 можеби е означен како работен таблет, доаѓа со задна камера од 13MP со auto-focus и LED flash, дозволувајќи да направите чисти фотографии и да ги доловите сите детали. Предната камера од 8MP е совршена за видео повици и правење селфи фотографии.
Долго издржлива батерија и брзо полнење
За да го задржите вашиот брз животен стил, Lenovo Tab P11 е опремен со Li-Po 7700 mAh батерија која може да издржи часови работа само од едно полнење. И кога е време за повторно полнење, не мора да чекате долго. Со својот 20W полнач, осигурајте се дека за брзо ќе се вратите на користење!
За крај, Lenovo Tab P11 е на врвот на листата на таблети кој ви нудат совршен баланс помеѓу моќ, перформанси и достапност. Без разлика дали ви е потребен уред за работа или забава, Tab P11 ви обезбедува се. Со својата импресивна платформа, повеќе од доволна меморија, неверојатен дисплеј, модерен дизајн и дополнитлните карактеристики, дефинитивно е таблет кој треба да се земе во предвид. Првокласен таблет за целото семејство!
Повеќе информации за производот погледнете на нашиот webshop.
За повеќе информации во врска со уредите контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС, јавете се на +389-(0)2-329-8338 или пишете на следната email адреса: sales@aitonix.mk
Comments are closed.